• Сподели на:

Темни и потечени: На кои проблеми укажуваат подочниците?

___

Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрезите, анемија, последица на стрес, кардиоваскуларни болести…
Подочниците се многу често први сигнали кои упатуваат на тоа дека во организмот постои некој проблем или нерамнотежа. Некои од болестите на кои укажуваат подочниците се проблеми со бубрезите, анемија, последица на стрес, кардиоваскуларни болести. И изборот на храна игра значајна улога во создавањето на подочниците.
Подочниците ги разликуваме според пигментноста, јачината на темната боја, подуеноста, а во некои случаи подочниците се појавуваат кога образите се спуштаат заради губењето на поткожното масно ткиво или комбинација на сите овие примери.
Потечените подочници најчесто се показател на задржување на вода и создавање на масно ткиво околу очите, а ако се темни, станува збор за зголемен продор на крв во крвните садови во ткивото.
Доколку темните кругови се задржат неколку месеци, и се претвораат во темни кеси, треба да ја проверите крвната слика. Анемијата е еден од честите причини за темните кеси под очите.
Темните кругови под очите укажуваат на проблеми со работата на бубрезите и задржување на вишокот на течности во организмот.
И алергичните на полен имаат проблем со подочниците. Кај овие пациенти чест е Неуродерматитисот, поради кој често ги бришат и ги трлаат очите, а тоа допринесува  за развој на пигментацијата и иритираност на нежната кожа на капаците.

Оставете коментар

___