Истражувањата покажаа дека 50% од жените помлади од педесет години, секојдневно носат танга. Сепак, модата е едно а здравјето сосема друго. Затоа лекарите ги повикуваат девојките и жените да ги отфрлат тангите и да започнат повторно да ги користат слип гаќичките за да го сочуваат своето здравје. Предупредувањето доаѓа оттаму што се’ поголем број пациентки боледуваат од воспаленија на гениталиите.
Гинеколозите тврдат дека тангата може да ја оштети чувствителната кожа околу гениталиите, особено ако се претесни или се направени од ткаенина со лош квалитет. Оваа ткаенина најчесто е синтетички материјал кој ја задржува влагата погодна за развој на бактерии и габи.
Најголемиот проблем всушност е задниот дел на тангата, т.е.„врвката“. Томас Гент, член на здружението за гинеколози од Хамбург кој учествувал во истражувањето, објаснил дека токму таа „врвка“ може да предизвика триење и повреда со што се овозможува ширење на бактериите и создавање габични инфекции.

You must be logged in to post a comment Login