Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Тајна состојка за здрава кожа и тенка половина

Овој зачин можеби порано беше чуден и егзотичен, но денес воопшто не е тешко да го пронајдете на полиците во продавниците.

Станува збор за зачинот куркума, кој претставува совршен додаток во исхраната.

Куркумата има впечатлива жолта боја која што ја добива од активната состојка куркумин, еден од најмоќните природни лекови кој го подобрува варењето, ја обновува цревната флора, го нормализира месечниот циклус кај жените, го прочистува црниот дроб и жолчниот меур, го стимулира метаболизмот, делува антибактериски и антигабично, а решава и кожни проблеми. Преку лето, поради силното потење и изложеност на сонце, море и топлина, повеќе од обично сме изложени на процесите на запаленија на лицето, па доколку во моментов состојбата на вашата кожа не е баш сјајна, решението можете да го проајдете и во природата – во совршениот пијалак на база на куркума. Но, и да немате проблеми со кожата овој пијалак се препорачува заради сите претходно наведени позитивни влијанија врз здравјето, но и како превентивна мерка против иритација и воспаление на кожата. Па зошто да немате прекрасна негувана кожа во текот на летото кога минимално се шминкаме и се излегува на виделина?

За подготовка на овој волшебен пијалак ви е потребно следново: 1 стапче цимет, 6 зрнца кардамом, 40 грама свежа куркума, 8 шолји млеко од бадем и 8 лажички агавин сируп или мед.

Во мал сад измешајте го циметот и кардамомот со мала количина на вода. Откако ќе зоврие водата, намалете го огнот и оставете да се вари тивко дваесетина минути. Потоа, оставете ја оваа зачинета течност да се олади па ставете ја во блендер заедно со куркумата и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Процедете ја и оставете ја малку да отстои. На секоја чаша млеко ќе додавате по една супена лажичка од оваа смеса и една мала лажичка од засладувачот по желба – агавин сируп или мед

 

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...