• Сподели на:

Спречете го ракот: Пивото ги неутрализира отровните материи од скарата

___

Најновите истражувања покажале дека маринада од пиво може да ги неутрализира потенцијално канцерогените материи од скарата.

Еве уште една причина зашто да го вклучите пивото во припремата на скарата – додадете вообичаена маринада за месо и ќе ги неутрализирате канцерогените материи кои можат да настанат за време на печењето.

Истражувањето покажало дека маринадата која содржи пиво, вино или чај, може да го намали нивото на потенцијално канцерогени материи на припременото месо. Материјата PAH се појавува кога месото се готви на многу високи температури, како што е скарата.

Научниците месото пред да го стават на скара, го приготвиле во маринада од обично, безалкохолно и црно пиво, и во неа го држеле четири саати. По печењето го мереле присуството на PAH во месото. Резултатите покажале дека најдобро дејство има црното пиво, т.е месото припремено во маринада од црно пиво имало најмал процент на PAH. Затоа слободно на нарената скара, додадете пиво во подготовката.


Оставете коментар

___