• Сподели на:

Смирете ја кожата после депилација

___

Гел – откако ќе завршите со депилација отстранете го восокот од кожата и нанесете специјален гел наменет за кожа после депилација. Гелот нека биде на база на камилица, бидејќи тој ќе ја смири кожата. Гелото нанесете го во тенок слој и оставете го да делува 15 минути.

Пудра за бебе – пудрата за бебе е ефикасна и ја смирува кожата после депилација. Откако ќе ја исчистите кожата, на оние места каде што сте имале восок ставете детска пудра. Пудрата нека стои што подолго на кожата.

Облога – доколку имате проблеми со иритација на кожата после депилација, на иритираното место ставете топла облога. Облогата мора да биде од камилица. Натопете памук и ставете на тоа место неколку пати на ден.


Оставете коментар

___