• Сподели на:

Што всушност се крие во сокот од портокал

___

Мислите дека сок од портокал рано наутро е еден од најздравите начини за почеток на новиот ден? Размислите уште еднаш! Како што тврдат експертите, состојките во готовите сокови многу често сосема се разликуваат од оние што вусшност ги очекувате, а соковите од цреши или брусница најчесто воопшто не содржат овошје.

 

Постои разлика меѓу измамите во прехрамбената индустрија и лажниот маркетинг. На жалост, овошните сокови се на мета и на едните и на другите.

 

Маркус Липа, директор за стандарди во исхраната во американската USP, покажува како сокот од шипка често не е ништо друго освен вода, боја и слатка арома, и покрај тоа што на пакувањето јасно е наведено дека сокот од шипка е еден од состојките. Во оваа категорија на измами се наоѓа и сокот од лимон, кој најчесто не е ништо повеќе од зашеќерена вода.
UISP повеќе пати ги обвини фирмите кои произведуваат сокови за измамување на купувачите дека во соковите што ги продаваат нема ни капка сок од цреши или боровинки. Тие сокови се најчесто произведени со ароми, а содржат сок од јаболко или грозје како ефтина варијанта.

Иако состојките се наведени на етикетите UISP истакнува дека тоа не е она што потрошувачите го очекуваат кога купуваат одреден сок, особено ако го сметаат за здрава варијанта.

 

Како да ја ибегнете оваа измама? Наместо да пиете сок, јадете свежо овошје.


Оставете коментар

___