P90X и Insanity се вбројуваат во екстремен тип на вежби. Иако овие вежби се наменети за луѓе кои активно се занимаваат со спорт или вежбање, сепак програмите можат да се адаптираат и за почетници. Двете програми се наменети за дефинирање на мускулната маса и издржливоста, но P90X во голема мера се разликува од Insanity.
Направивме паралела, сега можете да утврдите кој тип на вежби повеќе ви одговара.
Чекор 1: Одредете ги вашите фитнес цели. Сакате да ја намалите вашата телесна тежина, да го намалите вашиот обем, да ги дефинирате мускулите или сѐ заедно? Двете програми P90X и Insanity имаат за цел да го редефинираат вашето тело, но пристапот е различен:
- Сакате да ги намалите килограмите. P90X ќе ви помогне да ја намалите вашата тежина и обем, но со Insanity правите кардио вежби кои се директно насочени кон губење на тежината. P90X претставува програма која првенствено опфаќа вежби со помош на телесната тежина во комбинација со кардио вежби, а Insanity опфаќа стриктно кардио вежби на различни начини.
- Сакате да ги дефинирате мускулите. P90X програмата опфаќа одделни тренинзи кои се посветени на одредени делови на телото: раце, нозе, грб и раменици.
- Сакате да ја намалите тежината и да ги дефинирате мускулите.Направете комбинација од двете програми… Кога ќе се ослободите од вишокот килограми, ќе ги видите и мускулите.
Чекор 2: Простор и опрема. Овие две програми не бараат голем простор за вежбање – соба со средна големина е сосема доволна. Сепак, за P90X ќе ви бидат потребни тегови со различна тежина и вратило. Теговите и вратилото можете да ги најдете во спортска продавница и тоа нема да ве чини многу. За да вежбате Insanity не ви треба апсолутно ништо, за дефинирање на мускулната маса ја користите сопствената тежина.
Чекор 3: Кој тип на класични вежби најмногу ти одговара. P90X и Insanityво својата програма вклучуваат вежби од традиционалните дисциплини:
- Дигање тежина, анаеробни вежби. Доколку сакате да кревате тегови, да се кревате на вратило и сл. P90X е вистинскиот избор.
- Џогирање, велосипедизам, аеробик. Доколку сакате да трчате, пешачите или возите велосипед повеќе ќе ви се допадне Insanity.
Чекор 4: Променете го типот на вежби. Не секој сака да ги прави истите вежби постојано. Доколку подолго време сте правеле кардио вежби, добро е по извесно време да почнете да работите поинтензивно на дефинирање на мускулите. Така што можете слободно по неколку месеци, Insanity тренингот да го замените со P90X.
Чекор 5: Колку време можете да одвоите за вежбање. Доколку можете да посветите повеќе време на вежбање, направете комбинација од двата типа на вежби. Доколку времето ви е ограничено, тогаш посветете се само на еден тип на вежби. Постојат Insanity тренинзи кои траат од 30 до 40 минути, а P90X од 45 до 60 минути.
Чекор 6: Што да направите доколку одредени вежби се премногу напорни за вас. Бидејќи и двете програми се интензивни и напорни, можеби некои вежби ќе бидат премногу напорни на почетокот. Погледнете на youtube како да ги прескокнете и да ги замените со други.

You must be logged in to post a comment Login