Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Што кога кожата ќе изгори на сонце?

По подолго време поминато на сонце, може да почувствувате силно чешање или да забележите лупење на кожата и изгореници. Во тој случај, овие 6 совети може да ја ублажат болката на изгорената кожа и да ја ревитализираат за само неколку часа.

Оладете ја кожата

Ако забележите дека кожата полека ви се лупи, задолжително оладете ја со туширање. Ладната вода ќе го забави процесот на лупење. Додека се туширате никако не го тријте телото со груби сунѓери. Доволно е само да се избришете со мек пешкир.

Хидрирајте се

По туширањето задолжително нанесете хидратантна крема со смирувачко дејство. Уште подобро ако најдете некоја крема со намена за регенерирање и ладење на кожата или пак одберете крема која содржи невен.

Консумирајте течности

Испијте неколку чаши ладна вода за вашата кожа побрзо да се регенерира.

Избегнувајте го чешањето

По секоја цена треба да го избегнувате чешањето и гребењето на телото. Со тоа ќе си нанесете трајна штета на кожата. Ако почувствувате чешање, најдобро е да употребите коцки лед кои ќе ја омекнат и смират кожата.

Не ја лупете  кожата

Лупењето само ќе ве направи почувствителни на допир и пораздразливи. Наместо да подлегнувате под инфекции и болки, нанесувајте антибактериска крема на деловите каде што кожата самата паднала.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...