Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Што говорат ладните или топлите раце за вас

Дали некој е дарежлива особа со топло срце или ладна и скржава личност можете да утврдите со наједноставен тест. Се што треба е да ја проверите температурата на дланките.

Најновото истражување покажало дека срдечните личности, подготвени за разговор и соработка имаат топли дланки, додека за другите обратно. Дури и личноста со камено срце ќе омекне ако во рацете држи некој топол пијалок.

Психолозите испитувале спремност на 60 волонтери на меѓусебна соработка. Најизменично им давале лосиони за раце кои грејат или ладат, а потоа им давале одредени задачи кои требало да ги направат во парови.

Задачите биле тешки, па испитаниците имале права да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделената особа или ќе се повлечат и ќе делуваат исклучиво во сопствен интерес.

Дошле до заклучок дека луѓето биле спремни да ја сработат задачата тогаш кога рацете им биле топли.

“Постојат докази дека во текот на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичко чувство за топлота и психичката, односно топлината во меѓучовечките односи. Кога некој ќе каже дека е загреан за некоја особа, тоа би требало да се свати буквално, дека со зајакнувањето на позитивните чувства, расте и телесната топлина” – објаснува професорот Ленс Воркмен на Универзитетот во Бату.

Продавачите знаат дека ова е тактика која им носи прихот, дури и ако не се свесни на механизмот како до ова доаѓа. Тие веруваат дека работата е во тоа што пијачата е бесплатна, а всушност станува збор за исконска реакција.

Се на се, ако сакате да стекнете нови пријатели, да ги омекнете вашите колеги или сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете ги со топол пијалок.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement