• Сподели на:

Што ги зацврстува коските, ноктите и косата

___

На организмот му е потребен многу значаен минерал кој помага за зацврснување на коските, ноктите и косата. Станува збор за минералот силициум.

Силициумот го помага создавањето на ензимот prolyhydroxylase кој е важен при формирањето на колагенот во коските, `рскавицата и сврзното ткиво.

Овој минерал може да се најде во: бадемите, јаболката, цвеклото, целерот, грозјето, кафеавите морски алги, овесот, кромидот, пашканатот, јагодите, семките од сончоглед и други плодови.

За жал, мал процент од луѓето се информирани за значењето на силициумот и последиците од неговиот недостаток.

При недостаток на силициум се јавуваат:

  • голем број брчки на лицето
  • несоница
  • раздразливост
  • грчеви во мускулите
  • слаб развој на коските
  • кршливи нокти
  • опаѓање на косата.

За да ја нормализирате количината на силициум која е потребна во организмот се потребни најмалку два месеци редовно конзумирање храна богата со силициум. Најбогат извор на силициум е растението коњско опавче.


Оставете коментар

___