Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Седењето нé убива…

Повеќето луѓе седат во поголемиот дел од денот, вклучувајќи го работното време, возењето во автомобил, па сé до поминувањето на слободното време, дома. Според истражувањата, целодневното седење убива. Се зголемува ризикот од срцеви болести, а настанувањето на рак на дојката и дебелото црево се поврзува со недоволната физичка активност.

Истражувањето спроведено од „American Collage od Сardiolog07y“ покажало дека предолгото седење е поврзано со зголемениот ризик за срцеви заболувања, дебелината, дијабетесот, ракот и намалениот животен век, со што за здравјето претставува голема опасност, како и пушење.

Кога ќе седнеме, активноста на мускулите е побавна и согоруваме една калорија во минута. Тоа претставува една третина од она што може да го согориме додека се движиме. Со седењето повеќе од шест часа дневно, се зголемува нивото на триглицеридите, LDL ( лошиот холестерол) и отпорноста на инсулинот. Мускулите не ги користат мастите, а нивото на шеќер во крвта расте и се зголемува ризикот од дебелеење.Жените кои секојдневно седат повеќе од шест часа дневно, губат 1% од коскената маст секоја година. За период од десет до дваесет години, во кои се седи повеќе од шест часа дневно, значително се зголемува ризикот од срцеви заболувања, до 64% и ризикот за рак на простатата или дојката, до 30%.

После само две недели поминати „ во седење “, мускулите атрофираат и максималната потрошувачка на кислород опаѓа.Сето тоа резултира со тешко поднесување на „ активностите “ како одење по скали, шетање и  вршење домашни обврски. Дури и ако вежбаме секој ден, негативното дејство од седењето почнува штом ќе престанеме да се движиме.

Што можеме да направиме околу негативните последици за здравјето? Австралиско истражување тврди дека малите паузи помеѓу седењето можат да го намалат ризикот за добивање здравствени проблеми, предизвикани од седење. Секој ден занимавајте се со физичка работа најмалку пола час. Паркирајте се подалеку од Вашето работно место и пешачете во останатиот дел од патот, користете скали наместо лифт и шетајте.

На работното место, на секој час задолжително станете. Одете до колегите, наместо да им напишете e- mail, изберете го подолгиот пат за да стигнете до тоалетот или до местото каде ќе ручате. Наместо да лежите пред телевизор, за време на реклами, станете и оптегнете се. Работењето во градината и останатите куќни работи, бараат движење. Дури и ако не сте љубител на движењето, искористете ја секоја прилика да станете и да се раздвижите, особено ако работите канцелариска работа на која поминувате повеќе од осум часа седејќи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement