Погледнете го видеото во кое моделот на Victoria’s secret , Ерин Хедертон низ неколку едноставни вежби ќе ви покаже на кој начин топ моделите ја одржуваат линијата, но прочитајте и кои пет работи морате да ги почитувате доколку сакате рамен стомак.
Утринска гимнастика
Започнете го денот со вежба за мускулите на стратешките точки на телото. Силните стомачни мускули не само што ќе ви го зацврстат телото, туку и ќе делуваат како внатрешен корсет и ќе ви помогне во добро обликување на вашата половина. Погледнете како доаѓаат до совршенство ангелите на Victoria’s secret.
httpv://www.youtube.com/watch?v=wJJa4pELcls
Појадок
За добри стомачни мускули придонесува и појадокот. Вашиот прв оброк ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне топењето на мастите. Здравиот појадок ќе ве спречи од лоши навики, на пример подоцна во претпладневните часови да јадете калорична крофна. Ако имате чувство на подуеност, причина за тоа може да бидат и млечните производи. Затоа избегнувајте ги. Наместо тоа, јадете овесна каша, мафин со бадеми и брусница, палачинки со цимет.
Намирници што треба да ги избегнувате
Кога ги планирате своите оброци, држете се подалеку од храната што ве подува, како што се масна и солена храна, газирани сокови или некои видови овошје и зеленчук. Наместо тоа, изберете храна што го намалува обемот на стомакот, како краставица и овесни снегулки.
Помалку калории
Исхраната приспособете ја така што нема да ви недостига енергија, а нема да претерате со калориите. Избирајте намирници што ќе ве заситат, а нема да се прејадете, ниту во организмот ќе внесете премногу непотребни калории. Во својата исхрана внесете јаткасти плодови, овесна каша, јаболка, листест зеленчук како блитва и спанаќ, семки, јајца, јогурт, вода, лосос, лимон, супа…
Кардио-состав
Кој било облик на физичка активност е добар и се препорачува. Вежбите со висок интензитет најбрзо ги согоруваат калориите и имаат најдобар ефект. Особено кога се прават во редовни интервали. Затоа во својот вообичаен кардио-тренинг додадете го оној со висок интензитет. На здодевната лента за трчање зголемете ја брзината и обидете се да вежбате 45 минути. Секако, тоа зависи од вашата физичка кондиција.

You must be logged in to post a comment Login