На пример, додадете лимон во водата
Не е некоја тајна дека доволно количество на вода во текот на денот ја подобрува работата на организмот и дека е клуч за виталноста, здравјето и витката линија.
Но можеби не сте знаеле дека можете на водата да и дадете “вкус”.
Додадете една од овие три намирници и ќе согорите дополнителни калории, а со тоа си ја давате потребната инекција за да го размрдате малку заспаниот метаболизам.
1 Цитруси
Цитрусното овошје ќе го забрза процесот на согорување маснотии и ќе му ја даде на вашето тело потребната енергија. Наоружете се со лимон и портокали кои се богати со витамин Ц кој посредува во разградување на маснотиите. Исечете три ди четири кришки од цитрусното овошје и додадете го во водата.
2 Краставици
Овој природен диуретик е богат со калиум и витамините А и Ц кои го помагаат излачувањето на токсинот и го забрзуваат организмот. 6-8 крички во бокал со вода ќе ве освежи, а ќе се изненадите и од слатката арома.
3 Лута пиперка
Силно зачинета вода можеби на прв поглед не звучи вкусно, но морате да ја пробате!

You must be logged in to post a comment Login