Соединенијата добиени од масните киселини нa рибиното масло, спречиле смрт кај глувци инфицирани од вирус на грип, покажало едно истражување.
Рибиното масло е корисно дури и во напредната фаза на болеста, кај која лековите обезбедуваат околу 60 проценти заштита.
Грипот предизвикува нагло покачување на температурата придружена со главоболка и болки во грлото. Тоа може да доведе до развој на бактериска инфекција и опасната по живот пневмонија.
Во обид да ги пронајдат поефикасните лекови против грип, научниците од Универзитетот во Акита во Јапонија истражувале природни липиди, извлечени од омега-3 масните киселини содржани во рибиното масло.
Тие го проучиле влијанието на протеинот “PD1” врз човечките клетки на белите дробови кои биле заразени со различни видови на грип. Утврдено е дека “PD1” ја спречува појавата на вирус, вклучувајки го и птичјиот грип (H5N1).
Дополнителни тестови со заразени глувци покажале дека третманот со “PD1” во комбинација со антивирусни лекови значително се зголемува неговата ефикасност.

You must be logged in to post a comment Login