• Сподели на:

Решете го проблемот со опуштена кожа по слабеењето

___

Кога ќе успеете да се ослободите од вишокот на килограми, се уште не е готово. Како старееме, нашата кожа ја губи својата еластичност. Исто се случува и по губитокот на килограми. Кога губите тежина, кожата се опушта и потребно е да работите на тоа. Еве како да го направите тоа.

Бавно губење на килограми

Бавното губење на килограми ќе овозможи кожата да не се опушти премногу. Брзите диети не се добри за вашето здравјем посигурно е ако слабеете полека со здрава исхрана и редовно вежбање.

Пилинг на кожата

Експертите сметаат дека за позатегната кожа одличен е пилинг и триење на кожата со морска сол или некој друг препарат наметен за таа цел. Тоа поттикнува подобра циркулација, а резултатот е здрава, еластична кожа. Направете добар пилинг за време на туширањето неколку пати неделно.

Користете креми со колаген

Уште еден начин за затегнување на  кожата се кремите со колаген. Поскапи се, но ниното користење се исплати. Распрашајте се добро за тие креми, бидејќи не секој производ делува исто на секого.

Терапија со масажа

По слабеењето и масажите помагаат да се затегне кожата. Зошто да не пробате? Во најдобар случај, тие ќе ви помогнат кожата да добие подобар изглед, а во “најлош” случај ќе ве опуштат.

Пијте многу вода и вежбајте

Здрава кожа е онаа која е хидрирана, и тоа веќе сите го знаат. Заменете ги соковите со вода и пијте исклучиво вода преку денот. На тој начин, резултатот е загарантиран. Освен тоа, еден од најдобрите начини е и соодветно вебање, но потребна е дисциплина. Се препорачува и јога.


Оставете коментар

___