• Сподели на:

Решете ги лошите навики во само три чекори

___

Сите ние имаме барем една лоша навика. Мислите дека е тешко да се ослободите од грицкање нокти, пукањето на зглобовите или чистењето на грло цело време? Стручњаците нудат едноставно решение во три чекоир.

Освестете се за својата лоша навика

Првиот чекор е да сфатите кога и зашто ги правите. Ако можете да приметите кога и под кои околности, тоа може да ви помогне да сфатите зашто го правите тоа. Еднаш кога ќе знаете зашто, ќе биде едноставно да престанете со навиката.

Водите дневник за лошите навики

Ако водите дневник за лошите навики, во потполност ќе се освестите за својата лоша навика и ќе дојдете до коренот на нејзиното настанување.

Заменете ја и искоренете ја лошата навика

Третата фаза е воедно и најтешка. Еднаш кога ќе знаете се за својата лоша навика, се советува заменување со некоја нова, помалку иритантна. Ако грицкате нокти, пробајте да џвакате мастики. Ако ги крцкате прстите пробајте да ги ставите рацете во некоја друга положба каде што нема да можете да го направите тоа.


Оставете коментар

___