Напитокот е необичен, но со познатиот банана вкус. Се подготвува со пола литро вода и една неолупена банана, а може да се заслади со шеќер,мед, ванила или цимет.
На страницата на доктор Оз се наоѓа рецептот за чај од банани. Докторот советува дека ова одличен топол напиток за пред спиење, односно за добар сон.
Подготовка:
Стоплете пола литро топла вода. Една банана, неолупена, со нож исечете и ги краевите. Целата банана додадете ја во топлата вода и оставете да се готви околу 10 минути. По тоа извадете ја бананата, а чајот е спремен да се пие. Необичен вкус но пријатен, дефинитивно вреди да се проба. И да додадеме бананата можете да ја изедете по готвењето.

You must be logged in to post a comment Login