ОРИЗ И МАТЕНИЦА
Поради високиот удел на калиум, матеницата и оризот се идеални намирници за излачување на вишокот вода и токсините од ткивата, со што се намалува оптеретувањето на крвотокот и срцето.
МАТЕНИЦА е течен производ со својствен мирис и силен вкус. Се добива при производство на путер.
Сиромашна е со витамини растворливи во масти (А, Д, Е и К), затоа што тие остануваат во путерот.
Богата е со протеини, минерали и лактоза. Содржи околу 0,8% млечна киселина и се вбројува во ферментирани производи.
Уделот на калциум и рибофлавини е истиот како и кај млекото, па матеницата може да биде корисна суровина за други производи.
Некогаш се користела во производство на храна за доенчиња.
МЕНИ
Појадок: 300 мл матеница, 1 парче ржан леб (околу 30 г) намачкан со 1 лажица полумасен путер.
Ужина (претпладне и после пладне): 300 мл матеница со 50 г бобинки.
Ручек и вечера: супа од матеница подготвена на следниот начин:
35 г ориз варете во 300 мл матеница додека да омекне, заедно со 1-2 ѕвездолик анасон, покриено на тивок оган. Повремено промешувајте а на крајот зачинете со цимет во прав.
(Ако ги подготвувате двата оброка одеднаш, удвојте ги количините)
Ова е еднодневна диета со дневен внес од 900 kcal.

You must be logged in to post a comment Login