• Сподели на:

Природна аптека: Чај од мајчина душица

___

Мајчина душица е една од најчесто користените лековити билки: се употребуа за скоро се – од лечење на настинка, до убивање на некои микроби.

Почита кај народот и широката примена во народната медицина, мајчината дишица сосема ја заслужува. Оваа билка нема ниедна штетна или токсична состојка, па може да се пие без никакво ограничување, ниту временски, ниту во количина.

Мајчината душица расте на сончеви планински предели. Потребна и е многу топлина и сонце, поради што добро се одржува во каменести предели. Може да се собира во текот на целото лето, во мирни сончеви денови – од 10 предпладне, до попладневните часови, бидејќи тогаш мирисот е најјак. Не се чупа, туку се сече со ножици. Се суши во тенки слоеви, на проветрено и топло место, заштитена од сонце и прашина. Повремено треба да се се преврти, за подобро да се исуши.

Чајот од мајчина душица има антисептичко дејство, ефикасен е при спазам ( грчеви ) и бронхијални заболувања.  Успешно се користи против кашлица. Бидејќи е вкусен и убаво мириса, децата со задоволство го пијат. Покрај тоа, успешно делува против цревни паразити, а особено детстки глисти.

1363444-tea

Мешавина за чај

Чајот од мајчина душица е докажан лек против заболувања на дишните патишта – посебно при зголемено искашлување и бронхијална астма. Чајот се пие што потопол, во мали голтки. Се припрема свеж, четири до пет пати дневно. Ако постои опасност од воспаление, се пие на секој саат.

Облоги од мајчина душица

Мајчината душица, камилицата и ајдучката трева, можат да се користат како облоги при разни болки  ( во стомакот, зглобовите…)

За плакнење на уста

Ако вашето дете е поголемо па умее да прави гаргара, овој раствор ќе помогне за дезинфекција на усната празнина, а со тоа се ублажува и воспаленото грло, го зајакнува непцата и го освежува здивот. Исто така помага за чистење на кожата.
Припрема: пет грама мајчина душица, потопете ја со еден децилитар млака вода и оставете ја да стои во текот на ноќта. Наутро процедете ја и направете гаргара, или плакнете го болното место во текот на денот.

Купка

Во када со топла вода, ставете околу 100 грама мајчина душица. Се препорачува за деца, околу пола саат пред спиење. Оваа купка може да ви ги поврати добрио сон. Испробајте!


Оставете коментар

___