• Сподели на:

Природен тоник за мрсна кожа

___

Наместо „ветувачките“ креми и третмани, кои треба да се справат со маснотиите на лицето, зошто да не пробате еден природен третман? Лимонот е докажан благослов на здравјето, неговиот сок го прочистува организмот и целосно освежува, зашто не би го направил тоа и за вашето лице?!

Потребни состојки:

– пола литар вода

– еден лимон

Припрема и нанесување:

Во пола литар вода исцедете го лимонот, а неговата кора изрендајте ја и промешајте. Оставете ја течноста 24 часа да отстои. Нанесувањето е исто како и со било кој тоник, со памук, наутро и навечер, на чисто лице.

Овој тоник е природен, богат со витамин Ц и нема никакви хемикалии. Ја чисти кожата и и дава убав и сјаен изглед. Употребувајте го секојдневно, а сјајот ќе биде значително намален. Доколку имате комбинирана кожа, нанесувајте најчесто на Т-зоната.

Доколку почуствувате дека е многу јак за вашата кожа и ја суши, намалете ја употребата на еднаш во денот или на два дена.


Оставете коментар

___