Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Прекумерната дебелина помеѓу децата паднала за 43 проценти во последната декада

Здравствените власти во америка, објавија дека дебелината помеѓу децата од 2 до 5 години е намалена за 43 проценти во изминатата деценија, што е првиот пад, кога е во прашање оваа епидемија, која често води до доживотна борба со  вишокот килограми, зголемениот ризик од карцином, срцеви болести и мозочен удар.

Новите докази покажуваат дека дебелината напаѓа во раното детство: децата кои имаат вишок килограми или се дебели помеѓу 3 и 5 година од животот имаат пет пати повеќе шанси да имаат вишок килограм кога ќе бидат возрасни.

473468-kids-eating-their-greens

Постојат бројни теории зашто дошло до намалување.

Децата сега внесуваат помалку калории од зашеќерени напитоци, одколку во 1999 година. Повеќе жени дојат, што може да доведе до здрава тежина помеѓу малите деца.

Истражувачите воочиле и пад на вкупниот внес на калории меѓу децата во минатата декада, за 7 проценти меѓу момечињата или за 4 проценти меѓу девојчињата. Но истот така нагласуваат дека резултатите се мали за да имаат големо значење.

Бери М. Попкин, истражувач од универзитето од северна Каролина во Чепил Хил, кој го прател купувањето на храна во Америка во едно обемно истражување, кажува дека во минатата декада семејствата со деца купувале производи со помалку калории, додавајќи на тоа дека тоа не е поврзано со економката криза.

Овие навики и промени тој ги препишува на сојузната програма за дополнителна исхрана на жени, деца и бебиња. Оваа програма ги субвенционира жените со мали примања и ги намалило средствата за овошни сокои, сирење и јајца, но ги зголемило за свежо овошје и зеленчук.

Уште едно можно објаснување е дека комбинацијата од државни, локални и сојузни политики со цел намалување на дебелината, почнале да даваат резултати. Првата дама на САД, Мишел Обама, покренала иницијатива за променување на навиката во исхраната и физичката активност помеѓу најмладите, на која и се придружиле 10.000 центри за грижа за деца низ земјата.

Градот Њујорк исто така е доста активен во борбата против дебелината. Градот им наредил на рестораните да престанат да користат вештачки транс масти во припремата на храната и барале од ланците за брза храна на менито да стават повеќе информации за калориите.

Можеби научниците се сомневаат дека програмите делуваат, но застапниците на овие програми кажуваат дека низ мерките кои систематично се применуваа во целиот период може да се влијае на однесувањето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement