• Сподели на:

Поштетно е да сте слаби отколку дебели

___

Уште една студија покажува дека таканаречената „епидемија на дебелина“ која се шири низ богатите земји е значително претерана. Нови резултати покажуваат дека е многу поопасно да се биде преслаб отколку предебел.

„Во моментов има општоприфатено верување дека било кој степен на прекумерна тежина го зголемува ризикот од смрт, но нашите наоди налагаат дека ова не е вистина“ вели професорот Антони Џерант, предводник на студијата. „За време на нашето шест годишно проценување откривме дека само морбидната дебелина е поврзана со зголемен ризик од умирање.“

Повеќето статистики во ова поле сè уште се базираат на дискредитираниот Body Mass Index (BMI) систем. BMI, систем создаден на почетокот на деветнаесетиот век од белгијски социолог без медицински квалификации, не се справува со зголемувањето на висината и претпоставува дека телото ќе расте во маса пропорционално со квадратот на висината.

Џерант и неговите колеги анализирале речиси 51.000 Американци од сите возрасти во период од шест години и откриле дека луѓето чиј BMI ги класифицира како „преслаби“ се наоѓаат во најопасната категорија. За време на студијата преслабите субјекти демонстрирале двапати повисок ризик од оние оценети како нормални.

Далеку побезбедни биле оние класифицирани како „предебели“ – овие лица имале 1,26 пати повисок ризик од „нормалните“. Ова е бидејќи голем дел од нив страдале од хипертензија и дијабетес, па штом тие биле отстранети останатите „предебели“ учесници немале значително повисок ризик од оние оценети како „нормални“.

Луѓето кои биле само „дебели“ немале повисок степен на дијабетес или хипертензија од „нормалните“ луѓе и немале зголемен ризик. „Ние се надеваме дека нашите наоди ќе поттикнат студии кои ја истражуваат врската помеѓу дебелината и долготрјниот степен на смртност“ додал Џерант.


Оставете коментар

___