Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Попатна диета: Ослабете со помош на 15 секојдневни трикови!

Ако имате проблем со само неколку килограми, можете да ја добиете линијата и без многу напорни диети. Во продолжение следуваат 15 најефикасни секојдневни нешта со помош на кои ќе ја задржите прекрасната фигура, а притоа ќе се осеќате фантастично

И покрај големите успеси на нашите спортисти, не можеме да се пофалиме дека сме спортска нација. Само третина од населението на Македонија може да се окарактеризира како физички активни, додека скоро половина воопшто не се бави со никаков спорт. Статистиката вели дека само 13% од Македонците редовно се движат. Еден немаат време, други финансиски можности, додека трети едноставно се мрзливи или неорганизирани… Меѓутоа, добрата вест е дека здрави и шланк можеме да бидеме и да останеме и без спортски активности и напорни диети! Секојдневните активности како домашните задачи и секс ќе согорат калории, онака попатно. Овде ќе ви претставиме неколку најефикасни секојдневни дејствија со помош на кои ќе ја задржите прекрасната фигура, а при тоа сеуште ќе се осеќате убаво.

sl3

1.       Работа во градина
Гребење, плевење, окопување – додека ова го правите добро ќе се препотите. Одлично е тоа што за еден час градинарска работа ќе потрошите добри 400 калории. Ако уште сакате и на тревникот да му ја „средите фризурата“, за пола час ќе изгубите додатни 120 калории. Дами, во подрумот по косилката!
2.       Тренинг на скалите
Десет минути качување по скалите е најдобар тренинг за срцето и крвотокот. Покрај здраствените придобивки, во текот на оваа активност ќе согорите и 100 калории! Затегнатите нозе, истренираните вени и издржливоста е „поклон“ од скалите. Од сега лифтот и подвижните скалила се табу. И уште нешто: и со слегувањето се губат калории и се затегнуваат мускули!
3.       Бакнежи
Пет минути мазење и љубење – за време на емотивниот спорт покренува точно триесет мускули. Па кој вика дека движењето не претставува задоволство? А се губат добри 150 калории!
4.       Перење на забите
За правилно перење на забите, вклучувајќи го и чистењето со свилен конец, потеребно е 10 минути. Додека тоа го правите можете да правите чучњеви или вежајте ја задницата (најизменично затегнување и опуштање). 30 калории помалку – а позадината и нозете затегнати!

sl4

5.       Шопинг
Триесет минути шетање по градот ќе постигнете со обикокување на омилените продавници. А со купувачкото задоволство ќе изгубите 250 калории. Ако издржите цел час, ќе согорите цел еден оброк! Екстра совет: носење на кеси истовремено е супер тренинг за рацете.
6.       Велосипед наместо кола
Пола час возење на велосипер низ градот – скоро да не постои ниту еден мускул кој во текот на возењето не се активира. Посебно ќе ви биде благодарна вашата задица, бидејќи благодарејќи на вртењето на педалите ќе биде затегната и округла – како свежо набрано јаболко! Се согорува околу 220 калории за една сосема споредна работа, или?
7.       Перење на садови
Ако малку ја одморите машината за перење садови и после оброкот сами сте спремни да ги измиете садовите ќе потрошите најмалку 75 калории. Само заради споредба, додека ги вадите и ставате садовите во машината ќе потрошите само 25 калории.
8.       Сексот подобар од аеробик
При секс, како и за време на аеробик, добро ќе се испотите – воздишките исто така се присутни. Но што ве прави среќни и задоволни? А онака патем, со задоволството ќе изгубите 300 калории за само 30 минути. Покрај тоа, вашите ослободени хормони ќе го спречат нападот на глад.

sl2

9.       Гимнастика пред телевизорот
Идеално би било да во текот на денот поминете триесеттина минути пред телевизор. Ова е идеално време и за една или две гимнастички вежби. Легнете на грб и „возете велосипед“ – подигнувајќи ја бочно ногата, најизменично прво на левиот па на десниот колк, и потрошете најмалку 200 калории. Екстра совет: дланките спојте ги во ниво на градите и триесет секунди притискајте ги една кон друга. Вежбата повторете ја пет пати. Ќе ги подигнете градите и ќе го затегнете деколтето!
10.   Шетање на кучето
Пола час шетање со кучето согорува 200 калории – вистинска „топилница на маст“. Ако од време на време шетањето го комбинирате со спринт (за да го истрчате кучето!), потрошената енергија ќе се зголеми на магични 600 калории. И вашиот куќен љубимец ќе биде пресреќен!
11.   Перење на кола
Перење, полирање, чистење на колата со вшмукувач – со овие активности нема само да ја донесете својата кола во ред, туку и вашата фигура ќе заблеска. За само 30 минути ќе потрошите 150 калории! Под перење и средување на колата, да се разбереме, не подразбираме одење во автоперална!

sl5

12.   Чистење со вшмукувач
Извадете ја машината за вшмукување , пуштете музика и во напад на прашината! Со вакво чистење на тепихот, паркетот, ламинатот по станот, за пола час ќе согорите неверојатни 120 калории. Ако при тоа морате и да се наведнувате и да се вовлекувате за да го исчистите секој ќош, количината на потрошена енергија ќе се подигне на неверојатни 150 калории!
13.   Генерално спремање
Еден час чистењена кујната, перење на прозорци или рибање на купатилото – ова сепак не е список на желби, но куќна работа „убиваат“ најмалку 300 калории. Каде е четката за рибање?
14.   Со жвакање против глад
Ако додека сте надвор од дома ве фати мал напад на глад, немојте да правите како што поголемиот дел од луѓето прават – да одите до првата продавница за брза храна, туку во првата весникара купете си пакување гуми за жвакање. Студијата на универзитетот во Ливерпул докажала дека жвакањето го „кочи“ нападот на глад. Посебно се ефикасни оние со вкус на цимет, манго и пеперминт.
15.   Грицкање на ковчесто овошје
Наместо чоколадо, подобро е во ташната да имате кесичка ореви или лешници. Белковините во нив ќе ја ублажат глатта, а додатно ќе покренат и согорување на масти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement