Веќе со децении лекарите ги плашат своите пациентки, тврдејќи им дека е многу важно да родат деца додека се помлади. Меѓутоа, психологот Џин Твинџ тврди дека помеѓу способноста за бременост во 27-та година од животот и плодноста на 39 години, нема многу голема разлика.
Таа смета дека жените беспотребно се заплашувани со застарени податоци од времето пред антибиотиците, струјата и адекватните медицински третмани. Накратко, условите од времето кога квалитетот на живеењето бил на многу ниско ниво.
Во својата книга „Прирачник за дамите кои се нетрпеливи да забременат“, таа објаснува дека многу жени кои имаат 30 години, уште веднаш се откажуваат од обидите да останат бремени преку природен пат, бидејќи се индоктринирани со идејата дека во одредени години е многу потешко да се зачне.
Таа смета дека жените не би требало да се обесхрабруваат и да дозволат стресот да влијае на можноста да забременат, бидејќи во денешно време не постои причина за некоја жена да не може да стане мајка, се’ додека има редовни циклуси.

You must be logged in to post a comment Login