• Сподели на:

Плачењето го зголемува притисокот

___

Како издание на Oxford University Press, во февруари 2013 година е објавена книгата „Зошто луѓето плачат: расплеткување на мистериите за солзите“, потпишана од д-р А. Ј. Ј. М. Вингероетс.

Авторот е професор на универзитетот Тилбург во Холандија на предметот медицинска и клиничка психологија, а мистериозниот акроним од неговите имиња го решил така што се потпишува како Ед Вингероетс. Според веб страната на универзитот, експертизата на професорот е во областите како стрес, емоции и квалитет на живот, за што има објавено преку 300 статии. Одамна пред него за женскиот плач се произнел Аристотел (384-322 п.н.е.) забележувајќи дека „жените се почувствителни од мажите, полесно заплакуваат, но во исто време се и пољубоморни“. Во книгата, д-р Вингероетс изнесува факти од типот дека жените плачат два до четири пати месечно, а освен што плачат почесто од мажите, тие плачат и подолго и поинтензивно.

Она по што се разликуваат наодите на Аристотел и Вингероетс е истражувањето на што се должи ова и како се рефлектира. Биолошките предиспозиции се мошне битни во случајот со плачењето кај жените. Хормонот пролактин го има повеќе во женското тело отколку во машкото, а тој дава импулси за производство на млеко. Научно е докажано дека кога жената слуша бебешки плач, нивото на пролактин се зголемува. Како причина за солзите кај понежниот пол се наведува немоќта односно беспомошноста. При кавга, „за неа е потешко да не заплаче“, но од друга страна тоа воопшто не е здраво како што порано се сметало. Имено, плачењето претставува исцрпување за организмот бидејќи времето за вдишување се скратува, а тоа доведува до зголемување на пулсот (во екстремни случаи до 200 отчукувања во минута) и до подигање на крвниот притисок за 135%, што доведува до недостаток на оксиген во крвта, па се манифестира со главоболка.

Против природните нагони е тешко човек да се бори, но ваквите информации претставуваат индикација дека треба да знаеме како подобро да си помогнеме во кризните моменти.


Оставете коментар

___