• Сподели на:

Пијте чај и за време на топлите денови

___

Чајот го опушта и му дава енергија на телото, го смалува заморот, па е одличен избор дури и за топлите денови.

Иако повеќето веруваат дека чајот не е напиток за топлите денови, научниците го тврдат спротивното. Чајот го намалува потењето за време на топлите денови и му обезбедува на организмот неопходна количина на вода. Овој напиток ја помага работата на мускулите, па е совршен за време на паузите во активните топли денови. Наутро чајот ќе ве разбуди и припреми за дневните активноссти, за време на денот ќе го прочисти организмот, а пред спиење ќе ви овозможи да имате добар сон.

Ако и понатаму не можете да се замислите со чаша топол чај додека надвор грее сонце – направте го ладен. Подгответе го чајот на вообичаениот начин, а потоа додајте во чашата неколку коцки мраз.


Оставете коментар

___