• Сподели на:

Овој едноставен напиток ги топи килограмите

___

Сигурно сте слушнале дека пиењето чај има благотворно влијание врз вашето здравје, а последното истражување поврзано со влијанието на чајот врз човечкото тело резултираше со уште еден интересен заклучок.

Во најновото издание на американскиот весник „American Journal of Clinical Nutrition“ ќе бидат објавени резултатите од мета-анализата за истражувањата за тоа како влијае чајот врз човечкиот организам, јавува Women’s Health.

Имено, зелените и белите чаеви содржат катехини, кои заедно со кофеинот ја зголемуваат потрошувачката енергија и оксидацијата на мастите.

greentea5

Една анализа од 2009-та година, која научниците ја цитираат и во последното истражување, покажала дека луѓето кои конзумирале зелен чај и кофеин во текот на 12 недели, несвесно го промениле вообичаениот начин на исхрана и изгубиле од тежината.

Друга студија од 2011-та година пак, покажала дека чаевите богати со катехини можат да ја зголемат енергијата и за 100 калории во рок 24 часа.


Оставете коментар

___