• Сподели на:

Овие 7 работи се случуваат во нашето тело кога пиеме пиво

___

Газираните пијалоци и алкохолот можат да имаат значително влијание на нашиот организам, а неодамна се објавени податоци за деталното дејство на пивото врз организмот откако тоа 24 часа било во нашиот крвоток. 

Кога консумираме пиво тоа по 5 минути влегува во крвотокот и веднаш делува на мозокот и на мускулите. Следниот час телото го гледа пивото како отров и се обидува да го отстрани што поскоро.

Ако изедеме обилен оброк пред пијалокот, на тој начин ќе го обложиме нашиот желудник и алкохолот нема да влезе во крвотокот толку брзо бидејќи е во тек апсорцијата на храна. Влијанието на алкохолот зависи од возраста.

Женскиот организам го процесира алкохолот побавно отколку машкиот бидејќи машкиот организам има повеќе мускулно ткиво. Мускулното ткиво има поголем удел на вода која го разредува алкохолот, а се чини дека жените имаат и помалку ензими кои ги разредуваат алкохолот.

Пенливите пијалоци, како шампањот, може да предизвикаат побрзо да го почувствуваме влијанието на алкохолот поради меурчињата кои го притискаат желудникот па така го форсираат алкохолот побрзо да влезе во крвотокот.

Процесирањето на алкохолот зависи и од нашите години. Колку сме постари тој толку побрзо се процесира бидејќи како старееме така во телото имаме повеќе ензими кои го разградуваат. Ако сме под стрес па имаме зголемено ниво на хормони, тоа влијае на метаболизмот и брзината на апсорција на алкохол.

Ако сте љубител на пиво и понекогаш сакате претерано да уживате во него, ова се седумтте работи кои притоа треба да ги знаете:

1. Неколку минути по консумирањето на пиво

Алкохолот по консумирањето патува преку телото до желудникот каде се апсорбира во крвотокот и стигнува до мозокот и мускулите.

2. По 10 минути

После 10 минути телото го препознава алкохолот како отров и не сака да го депонира, се обидува да го разгради и да се ослободи од него колку што може побрзо.

3. По 15 минути

Желудникот започнува да го разградува алкохолот за да го отстрани од организмот и притоа започнува да произведува ензим наречен алкохолна дехидрогеназа која го претвора алкохолот во други хемиски соединенија. Тоа претворање вклучува и ацеталдехид, многу отровно соединение кое е предизвикувач на мамурлукот наредниот ден.

Алкохолот се претвора во ацетатна киселина и вода, а со понатамошното разградување во масни киселини и вода кои на телото му се прифатливи и тоа не отрезнува. Доколку пиеме повеќе отколку што црниот дроб може да поднесе стануваме опијанети.

4. По 20 минути

После 20 минути започнуваме да ги чувствуваме општите симптоми на делување на алкохолот, главата ви е полесна и преплавени сте со среќа.

5. По 45 до 90 минути

После 45 до 90 минути делување алкохолот е на својот врв.

6. По 60 минути

После 60 минути имаме потреба да одиме во тоалет бидејќи алкохолот е диуретик, па бубрезите го насочуваат пијалокот директно во мочниот меур па мораме почесто да уринираме и поради тоа дехидрираме.

Доколку престанеме да пиеме се чувствуваме поспано и уморно, а ако заминеме да спиеме опијанети тоа е лошо за нас бидејќи телото е дехидрирано.

7. По 12 до 24 часа

По 12 до 24 часа кога ќе се пробудите веројатно ги чувствувате симптомите на мамурлакот, главоболка, вртоглавица, жед, бледило, треска, односно симптомите кои ги предизвикува дехидратацијата. Причината за тоа е што нашето тело сеуште се бори со алкохолот кој се наоѓа во нашиот организам.

 


Оставете коментар

___