Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Ослободи се од вишокот килограми без да гладуваш

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-1

Јадете повеќе свежа храна! Изберете свежа и здрава, нискокалорична и храна богата со нутритивни вредности. Консумирајте повеќе овошје, зеленчук и зеленчукова супа, ќе бидете сити подолго време. Избегнувајте ја брзата храна.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-2

Вежбајте секој ден! Ова можеби ќе ви изгледа премногу напорно на почетокот, но почнете со полесен тип на вежби. На пример почнете да пешачите од 10 до 15 минути секој ден во текот на првата недела. Наредната недела продолжете со пешачење, само зголемете го времето.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-3

Нахрани ги своите искушенија одвреме – навреме.Ако не можеш да се воздржиш изеди една крофна, колаче или парче пица, но пред тоа испиј 8 чаши вода и една чинија свеж зеленчук како краставица, целер, морков или домат. Ќе ве заситат и ќа ја намалат вашата желба за брза храна.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-4

Консумирајте производи кои немаат калории.Постојат две работи кои не содржат калории: вода и производи кои содржат голема содржина на влакна. Колку повеќе ги консумираш, подобро ќе се чувствуваш. На пример, можеш да издеш чинија зелена салата во комбинација со морков, зелка, целер, брокола, кромид, карфиол… Зачинете ја со сол и маслиново масло, и целиот оброк нема да биде повеќе од 150 калории.

Целерот е неворајтна состојка, содржи само 8 калории, а ќе потрошите многу повеќе калории за да го сварите.

Избегнувајте ги газираните пијалоци, пијте повеќе вода и незасладен ладен чај. Црното кафе ја подобрува работата на вашиот метаболизам и согорува повеќе калории. Но внимавајте, не претерувајте со прекумерно пиење кафе, тоа може да му наштети на вашето здравје.

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-5

Консумирајте производи кои ги согоруваат маснотиите.Доколку правилно ја избирате храната, ќе јадете и нема да чувствувате глад. Постојат повеќе типови на храна кои поттикнуваат слабеење: чили, зелен чај, бобинки и житарки.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-6

Јадетеповеќе супа.Супата содржи малку калории. Порција (чинија) пилешка супа од кесичка содржи помалку од 100 калории.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-7

Практикувајте ги добрите навики.Секогаш користете пробор додека јадете, јадењето со раце значи дека јадете побрзо и ќе изедете повеќе. Јадете полека и прекинете тогаш кога ќе се почувствувате сити. Доколку не можете да престанете да јадете, пијте вода. Можеби на вашиот организам му е потребна вода, а не храна.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-8

Пијте повеќе вода.Често жедта ја мешаме со глад и јадеме и тогаш не сме гладни. Доколку пиете повеќе вода, ќе чувствувате помала потреба за храна, а вашата коса и тен ќе добијат подобар сјај.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-9

Распоредете ги оброците во текот на целиот ден!Јадете почесто, но во помали количини. Доколку внесувате 100 до 150 калории на два часа, работата на метаболизмот се забрзува, а со тоа вашето тело

Запишувајте што јадете!Ова е наједноставниот начин да видите што сѐ сте изеле во текот на денот. Најчесто, не го земаме во предвид она што го јадеме помеѓу оброците, а тоа е она што најмногу влијае на тежината.

 

670px-Eat-and-Lose-Weight-Step-11

Внесете повеќе свеж зеленчук!Доколку зеленчукот не е основната состојка во вашата исхрана, време е да го вклучите во дневното мени. Истражувањата покажаа дека зеленчукот игра важна улога во губењето на тежина. Тоа е затоа што зеленчукоте богат со вода и влакна и има ниска енергетска вредност.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement