• Сподели на:

Опасности од долго седење на стол во текот на денот

___

Без оглед од која причина денот ви поминува претежно во седење, треба да бидете свесни за последиците по вашето здравје и изглед. Ова се најчестите проблеми кои ги предизвикува предолгото седење на столче и предлог-решенија како да се справите со нив.

Ризик од дијабетис

Стресното опкружување на работното место, кај жените го зголемува ризикот за срцев удар и заболување од дијабетис. Затоа на секој саат прошетајте малку низ работното место или барем до кујната или до апаратот за вода.

Болни колкови

Со седењето се зголемува притисокот на колковите, колената mobile porn и кичмата, што може да предизвика разни заболувања. Затоа најдобро е да ја прилагодите столицата, аголот помеѓу грбот и нозете да ви биде 90 степени.

Синдромот на карпален тунел

Синдромот на карпален тунел е притисок на нервот медијанус, кој поминува низ истоимениот тунел во рачниот зглоб. Симптомите се јавуваат поради компресија на овој нерв, а најчест е вкочанетост на прстите. Затоа задолжително користете ергономски тастатури, а на секои 15 минути истегнете ги зглобовите. Кога ќе дојдете дома, правете кружни вежби со дланките.

Дебелеење

Бидејќи ве притискаат работните обврски, немате време дури ни да појдете на нормален ручек, па често консумирате брза храна или некои грицки. Затоа, дома задолжително пригответе здрав оброк, кој ќе го понесете на работа.

Суви очи

Поголемиот број луѓе ги напрегаат своите очи, целодневно гледајќи во компјутерските екрани. Во просек човекот трепка од 12 до 15 пати во минута, а додека гледа во екран максимум 7 пати. Затоа во текот на денот гледајте да направите пауза во природа, за да се одморат вашите очи.

Проширени вени

Седејќи подолго време во иста положба ги зголемувате шансите за настанување на проширени вени, кои мачат повеќе од 50% од жените. Задолжително носете хулахопки од ликра, кои ќе ви ги стегнат нозете и ќе ја стимулираат циркулацијата.


Оставете коментар

___