• Сподели на:

Од што може да биде предизвикано предвременото побелување на косата

___

Предвременото побелување на косата, освен од гените, може да биде предизвикано од повеќе фактори, и тоа:

Неправилна исхрана

Неправилната исхрана и недоволното количество на витамини во организмот, односно во крвта преку која се храни самото влакно од косата, предизвикува предвремено побелување. Најчесто се јавува како резултат на недостаток на витамини од групата Б, железо, бакар и јод.

Ви препорачуваме да конзумирате храна богата со фолна киселина (позната како витамин Б9), како што се мешункаста храна, агруми и црн дроб.

Внесот на фолна киселина се одредува според возраста.

Препорачлива дневна доза:

Деца: 50-400 мг.

Возрасни: 400 мг.

Трудници: 800 мг.

Стрес

Ослободете се од стресот бидејќи има лошо влијание на целото тело, а и на фоликулите на влакното. Стресот ја намалува функцијата на меланоцитите (пигментни клетки), со што се забрзува процесот на побелување на косата.

Нарушувања на тироидната жлезда

Тироидната жлезда која се нарекува и штитна жлезда, синтетизира два вида на хормони: тироксин и тријодтиронин, за што е потребна голема количина на јод. Недоволното количество на јод кај тироидната жлезда може да предизвика бавна ментална реакција, бавно напредување на тежината и недостаток на енергија. Јодот го овозможува функционирањето на нервниот систем и мускулите, циркулаторната активност, придонесува за здрава коса, нокти, кожа и заби.

Витилигото исто така може да биде предизвикувач на предвремено побелување на косата. Тоа е состојба на губење на меланоцитите на кожата при што се формираат светли дамки на кожата.

Не помалку важни предизвикувачи на предвремено побелување на косата се и пушењето и бојадисувањето на косата.

Грижете се за вашата коса, таа е огледало на вашето здравје.


Оставете коментар

___