• Сподели на:

Никогаш не земајте таблети без вода!

___

И покрај тоа што таблетата можете да ја испиете и без вода, мора да се ослободите од таа лоша навика, затоа што не сте свесни во каква опасност се впуштате. Многумина, апчињата ги џвакаат во устата или едноставно ги голтаат со плувачка, само затоа што така се навикнале или немаат желба да си земат чаша вода.

На упатството од секој лек, особено на таблетите, пишува дека треба да се земаат со многу вода, а и повеќето лекари го потенцираат истото при пишување рецепт. При голтање на таблетата без вода, можно е да почувствувате болка во градниот кош, а после тоа да дехидрирате. Болката нема да ви дозволи да ставите во устата било што.

Голтањето таблети на суво, може да предизвика оштетување на ткивото од хранопроводникот и опструкција. Некои лекови се корозивни, па доколку заглават во хранопроводникот, веројатно нема да ги почувствувате, но можат да ја нагризат слузокожата и да предизвикаат рани и чир кои можат да бидат фатални.

Повеќето лекови кои денес се користат можат да предизвикаат воспаление на хранопроводникот, па дури и обичниот витамин Ц. Поради тоа, многу е важно секоја таблета да ја испиете со многу вода, за да немате тегоби.

 


Оставете коментар

___