Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Наскоро: Операции со вештачко срце (Видео)

Француската лабораторија Карма, која го произведе првото вештачко срце на светот, денес соопшти дека наскоро очекува ново вградување.

 

Основачот на групата, Филип Пулети изјави дека операцијата би се случила за неколку недели, откако ќе се анализираат резултатите од првото имплантирање на вештачко срце, што беше вградено во пациент кој почина на почетокот на март, 75 дена по хируршката интервенција.

 

„Новата операција ќе зависи од здравствената состојба на пациентот и од анализата на резултатите од првото срце што беше вградено“, рече Пулети, пренесуваат француските медиуми.

Пациентот на кого му беше вградено срце на 18ти декември, почина по 75 дена на 2ри март, иако лекарите предвидоа дека ќе живее најдолго до 30 дена по операцијата.

 

„Срцето одеднаш застана. Дојде до краток спој, а тоа доведе до состојба на срцев инфаркт, исто како и кај вистинско срце. Поради тоа, пред да се вгради новото срце потребни се детални анализи“, додаде Пулети.

 

Вештачкото срце функционира слично како и вистинското и ги спречува силните, несакани ефекти што се јавуваат во тек на пресадувањето на вистинско срце. Најлошо е создавањето на крвни згрутчувања (тромбови) кои можат да бидат фатални за пацентот.

 

Лабораторијата неодамна соопшти дека ќе вгради вештачко срце на три пациенти за да може да се провери безбедноста на протезата. Потоа овој зафат ќе се примени врз 20 пациенти во тек на втората фаза од експериментот. Овој период ќе трае најмалку пет години.

 

Сепак, сите пациенти со тешка срцева инсуфициенција не би можеле да да добијат вештачко срце. Протезата тежи 900 грама т.е. потешка е од вистинското срце, кое тежи 300 грама.

 

Ова срце нема да може да им се вгради на покрупни пациенти, а 70 проценти е компатибилно со градниот кош на мажите и 25 проценти со оној на жените. Вештачкото срце ќе чини 160.000 евра, исто колку што чини и пресадувањето на вистинско срце со многу долг пост-оперативен тек.

 

httpv://www.youtube.com/watch?v=PLPjEbT32U8

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...