• Сподели на:

Намирници кои е добро да ги јадете пред спиење

___

Стресот, работата и начинот на живот го одредуваат темпото на нашето спиење или не спиење, но и исхраната има свој удел во тоа.

Овие намирници треба да ги јадете доколку сакате да имате добар сон, кој ќе ви помогне да се одморите, а не дополнително да се изморите.

Млеко

Ако мислите дека чаша топло млеко пред спиње финкционира само кај децата, се лажете. Млекото содржи есенцијални амонокиселини кои го градат хормонот на среќа, серотонин. Овие компоненти заедно ќе ви помогнат полесно и побрзо да запиете.

Цреши

Сезоната на цреши само што започна и сега тие можат да ви помогнат во борбата против инсомнија. Црешата е една од ретките намирници која во себе содржи мелатонин кој помага во одржување на вашиот биоритам.

Банана

Бананата е одличен избор пред спиење бидејки содржи магнезиум кој ги опушта мускулите и ви помага побрзо да заспиете. Хранливите банани се одлично средство за спиење бидејки го потикнуваат мозокот на излачување на мелатонин и сератонин кој ќе ви помогне побрзо да заспиете.

Мисиркино месо

Ова месо содржи триптофан, есенцијална аминокиселина која ќе ви помогне полесно и побрзо да заспиете.


Оставете коментар

___