• Сподели на:

Моќта на древниот пијалок: чајот го спречува ракот

___

Силни коски, спречување на остеопороза , концентрација, губење на тежината, превенција од рак и други хронични болести се само некои од причините зошто треба да се пие една чаша чај секој ден.

Десетици нови истражувања покажуваат дека пиењето чај може да биде најпаметната одлука за подобрувањето на здравјето. Новите истражувања покажуваат дека чајот е одличен за губење на тежината, а го спречува развојот на ракот и другите хронични болести. Пред сè, чајот го подобрува расположението .

 Devojka Caj 06.3_1

Експертите од американското Министерство за земјоделство дојдоа до повеќе докази.

“Научниците кои придонеле за овие сознанија се едни од најдобрите во светот “, вели Џефри Бламберг, уредник  на изданијата, и додава:

” Земено се заедно, овие студии исклучително ги забрзаа научните сознанија за односот на чајот и здравјето.”

zeleni-caj-06.03_3

Истражувањата објавени во списанието “Medical News Today” сметаат дека е неважно дали пиете ладен или топол чај, бидејќи ефектите се исти.

Што друго кажуваат истражувањата

Со проучувањето на полифенолот(природна состојка на чајот), научниците заклучија дека тој го зголемува нивото на енергија и ги согорува маснотиите во телото. Луѓето кои конзумирале зелен чај загубиле во просек од 1,3 кг. во текот на еден период од 12 недели , обрнувајќи внимание на исхраната.

Полифенолите од зелениот чај ја намалуваат прогресијата на некои болести. Во една студија , научниците откриле дека од случаите на рак на простата се идентификувани 3% од мажите кои секојдневно пиеле чај. Спротивно на тоа, 30% од мажите кои земаат плацебо заболеле од рак на простата .

Една студија спроведена во Италија покажува дека црниот чај го намалува крвниот притисок , а исто така ги намалува негативните ефекти од премногу масти и нездраво јадење .

Конзумацијата на чај е поврзана со силни коски , а особено помага кога станува збор за почетокот на остеопороза. Исто така, е докажано дека една шолја чај дневно ја подобрува концентрацијата.


Оставете коментар

___