• Сподели на:

Митови за рамниот стомак

___

Рамниот стомак може да биде права мака. Сте ги изгубиле сите одвишок килограми, но стомакот никако да ви стане рамен онака како што сакате вие

 

 

Истражувањата покажуваат дека стомакот е критичниот дел од вашето тело на голем број луѓе и дека од областа на стомакот килограмите најтешко и најспоро се губат.

Сите сакаме да имаме рамен стомак, посебно кога се ближи сезоната на костими за капење. Спремни сме да вежбаме и многу тоа да пробаме, но трудот понекогаш изгледа залуден.

Ви ги носиме најчестите митови во постигнување на рамен стомак, но и причините поради кои не би сте требале во нив да верувате.

 

Стомачни вежби ќе ви го израмнат стомакот

Стомачните нема да го израмнат стомакот. Вистината е дека сите имаме мускули на стомакот, скриени испод слоеви на масти. Ако сакате да имате рамен стомак, морате да се фокусирате на согорување на мастите во областа на стомакот. Тоа нема да го постигнете со вежби со сила (стомачни), туку со аеробни вежби, како што се трчање, одење или возење ролери. Неодамнешно истражување покажа дека стомачните вежби можат да бидат штетни за долниот дел од грбот. Тоа не значи дека воопшто не треба да ги правите, туку да се погрижите да ги правите правилно и да побарате помош на тренер, ако тоа е потребно.

 

Изгладнување ќе го израмни стомакот

Понекогаш можете да мислите дека изгладнувањето е единствениот начин да дојдете до рамен стомак. Освен што не е ефикасно, изгладнувањето не е ниту здраво. Можеби мислите дека намаленото внесување на калории по пат на изгладнување брзо ќе доведе до саканите резултати, но се лажете. Како резултат нема да добиете ништо друго освен успорен метаболизам, со што ќе имате додатно зголемен ризик од насобирање на одвишок килограми и настанување на гојазност. Јадете повеќе пати, но по малку. Потребни се три главни оброци и барем 2 меѓуоброка. И заборавете на изгладнување!

 

Таблети за диета

Таблетите за диета и суплементите можат да бидат примамливи. Постојат различни врсти и сите обеќаваат брзо доаѓање до рамен стомак. Но, не треба секогаш да се верува во се што се слуша. Запамтете дека не постојат чудесни таблети кои веднаш ќе ги стопат мастите на стомакот. Голема е веројатноста дека ќе си наштетите на своето здравје, а на сето тоа и на новчаникот. Наместо суплементи, правете вежби со висок интензитет бидејќи тие најбрзо даваат резултат.

 

Избегнување јаглени хидрати ќе ви го израмни стомакот

Голем број на луѓе мислат дека јаглените хидрати се штетни за линијата и здравјето. Трба да знаете дека јаглените хидрати нема да наштетат на губење на килограмите. Важно е да изберете сложени јаглени хидрати кои се наоѓаат во производите од цели житарици (леб, тестенини).

Јаглените хидрати мора да бидат дел од исхраната, но не и најголем. Јадете многу овошје и зеленчук, немасно месо и риба, кои се одличен извор на протеин, влакна, витамини и минерали. Јаглените хидрати изберете ги како додаток на јадењата.

 


Оставете коментар

___