Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Медот – природен лек и пријател на вашето тело

Медот е природен засладувач и моќен извор на антиоксиданси, па неговата секојдневна употреба го намалува бројот на слободни радикали во крвотокот. Медот исто така е одличен извор на минерали како што се бакарот, силициумот, манданот, калциумот и калиумот, како и витамините Б6 и Б12.

Медот е сојузник во борбата против вишокот на килограми: Оние кои сакаат да ослабнат може да го користат едот како природен засладувач. Тој содржи 22 аминокиселини и разни минерали кои му се потребни на организмот и го снабдува телото со хранливи состојки, а го намалува апетитот. Медот содржи фруктоза, а не гликоза, па му дава на телото одржлива енергија која трае подолго време.

Медот ја зголемува енергијата: Доколку сакате да ја зголемите енергијата, измешајте една лажичка мед со малку цимет и една чаша вода. По една недела редовно конзумирање ќе почувствувате дека имате повеќе енергија. Додадете и малку луто пиперче кое ќе помогне да ви се подобри циркулацијата.

Медот ја хидрира кожата: Медот има природни регенеративни, како и антисептички и антибактериски својства. Ставете малку мед на кожата и оставете го да делува баре 10тина минути, па исплакнете прво со млака, па потоа со студена вода. Може да го измешате и со сок од портокал, испасирана банана и овесна каша и да добиете хранлива маска која ќе ја направи вашата кожа свежа и мека.

Медот помага при мамурлук: Доколку сте мамурни, каснете мед намачкан на бисквити или двопек. Фруктозата од медот ќе помогне побрзо да се исфрли алкохолот од вашето тело, а калциумот ќе ви помогне полесно да се справите со негативните ефекти од алкохолот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement