• Сподели на:

Лушпите од јајца како лек

___

Нормална постапка е кога кршиме јајца да ја фрламе лушпата во корпата за отпадоци. Но Дејли Маил пишува дека ова е голема грешка! Доколку земете неколку лушпи од јајце, лимонов сок и масло, и оваа смеса ја оставите да отстои неколку дена, тогаш имате лек за се.

Според Дејли Маил деоколку оваа смеса ја нанесете на убод од инсект веднаш ќе се намали отокот и црвенилото, а ќе престане и чешањето. Исто така таа може да ви послужи за да ги испрскате своите растенија во градината и да ги заштитите од полжави и инсекти.

Доколку оставите неколку лушпи од јајца да отстојат, па ги издробите и испечете на 180 степени, оваа смеса може да ја додавате во супи и манџи, со што ќе го зголемите нивото на калциум.


Оставете коментар

___