Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Листови од глуварче ја зајакнуваат јетрата, жолчката и нервите

Сезона е на глуварчиња. Дали сте знаеле дека неговите рецкасти листови полни со ароматични горки супстанци и минерали ја зајакнуваат јетрата, жолчката, бубрезите и нервите?

Во листовите на глуварчето се наоѓаат низа од горки супстанци и минерали. Токму таа комбинација е важна за зајакнување на споменатите органи. Со внесување на овие листови се активира метаболизмот а отпадните материи побрзо се исфрлаат од организмот.

Подготовка: Од чај до салата!

Од листовите на глуварчето се припрема многу здрав чај. Потребна е шака од фини листови од глуварче, кои претходно треба убаво да се измијат и ситно да се исечкаат. За чај се користат две мали лажички сецкани листови и се прелива со четвртина литро врела вода. Се остава да стои 15 минути и може да се пие полека. Препорачливо е незасладено. Се препорачува по една чаша насабајле, попладне и доцна попладни. Важно е чајот секогаш да се спремен свеж, да не стои премногу долго припремен.

Доколку немат време за подготовка на чај, можете листовите свежи и измиени да ги ставите на сендвич како салата.

Салата од глуварче

Соберете две шаки листови од глуварче, измијте ги во млака вода и оставете ги да се исушат. За маринада земете 4 до 5 лажици маслиново масло, 2 лажици јаболков оцет или 2 лажици цеден лимон, посолете, ставете бибер и малку мед. Сето тоа измешајте го добро и пред сервирање ставете ја маринадата на салатата.

Важно е листовите од глуварче да бидат собрани или од приватна градина, или место одалчено од сообраќај или индустрија.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement