• Сподели на:

Контроверзна инјекција за дебелина ги исфрла маснотиите преку мокрење

___

За да можете маснотиите да ги „измочкате“ потребно на критичните места на телото да се вбризга инјекција која содржи билни полимери кои се врзуваат за ѕидовите на ќелиите на масното ткиво.

 

2

 

Новиот третман за губење на вишок килограми се рекламира како алтернативна липосукција, а слабеењето и обликувањето на телото без никаков труд гарантира исфрлање на салото од телото по пат на мокрење. За маснотиите да можат да се измократ потребно е на критични места на телото да се вбризга инјекција која содржи полимери и се врзува за ѕидовите на ќелиите на масното ткиво.

 

Тогаш ќелиите на масното ткиво пукаат и се претвараат во течност која едноставно ја мокрите, тврдат креаторите на оваа контроверзна постапка од британската клиника Милс.

 

Тие објаснуваат дека инјекцијата може да се користи на бутините, стомакот, колената, брадата, задникот, грбот, па дури и на вратоти дека крајниот резултат е слабеење, служат првенствено за обликување на телото, пишува Дејли Мејл.

 

Овој третман делува три недели откако ќе се прими инјекцијата, а ви го дава телото за кое сонувавте без страв од враќање на упорното сало, објаснуваат од клиниката. Цената на една инјекција е 300 евра и доволна е за подрачјето на подбрадокот, додека на стомакот или на бутините ќе биде потребно и до неколку третмани.

 

Меѓутоа, лекарите предупредуваат дека ваквите методи можат да бидат опасни по здравје и иако можат да бидат ефикасни, прашањето е колку се сигурни.

 

„Опасно е повторно да се апсорбираат масните киселини во крвотокот, бидејќи тие се претвараат во сол и пратени се со зголемување на холестеролот и зголемен крвен притисок“, ја коментира постапката Др. Арун Гош од болницата Спајр во Ливерпул.

 


Оставете коментар

___