• Сподели на:

Колку часа треба да спиеме секоја ноќ?

___

Потребата од сон се менува со возраста, па затоа ни треба табела во која потребата од сон ќе биде различна за секоја животна доба.

Новороденчиња:

0-1 месеци – 10,5-18 часа

2-12 месеци – 14 – 15 часа

Деца:

12-18 месеци – 13 -15 часа

18 месеци до 3 години – 12 – 14 часа

3-5 години – 11 – 13 часа

5-12 години – од 9 до 11 часа

Адолесценти:

– 8,5-9,5 часа

Возрасни:

– 7 до 9 часа

Сепак, потребата за спиење зависи од разновидноста на начинот на живот и здравјето на поединецот. Луѓето кои имаат одредени заболувања или имаат ослабен имунолошки систем имаат потреба од повеќе сон отколку здравите луѓе што имаат силен имунолошки систем. Исто така, во пресметките треба да се вклучуваат и нивото на стрес со кое се соочуваат лицата на дневна основа и распоредот на работата, бидејќи тоа не е исто ако работите во смени или секој ден да одите во кревет и се будите во исто време.

Најважно е да ги разгледате вашите сопствени потреби. Прашања што треба да се ги поставите:

– Дали сте среќни, продуктивни и здрави, со 6 часа спиење или не, па дури и со 9 часа спиење?

– Дали сте склони на одредени болести?

– Дали поминувате стресна фаза на животот?

– Имате проблеми со спиењето?

– Дали се чувствувате поспани додека возите?

Иако неодамна беа објавени студии кои тврдат дека ни треба дури и помалку спиење од горенаведените бројки, повеќето експерти ќе се согласат дека не постои магичната бројка кога станува збор за часови спиење. Истражувањето направено 2005 година потврди дека потребата за спиење варира во зависност од географската област,, но тоа исто така зависи од навиките и генетско наследство на една личност.

Вашето тело треба да ги добие потребните часови спиење, со цел да ги извршувате сите функции на живот. Бројката од 7 до 9 часа спиење се однесува само на луѓе кои редовно спијат и не мора долго да спијам. На пример, можеби ќе ви требаат 7-9 часа спиење, но ако лошо спиете неколку ноќи по ред, тогаш во текот на викендот треба да спиете подолго.

Постојат научни докази дека премалку спиење има негативни последици по здравјето, може да предизвика дебелеење, зголемен ккрвен притисок, ризик од појава на дијабетес и болести на срцето, намалена концентрација и некои други здравствени потешкотии.

Од друга страна, во моментов не постои доказ дека вишокот на спиење има негативен ефект врз здравјето. Во моментов постојат научни лабораториски истражувања дека лишување од сон има негативни ефекти врз телото и здравјето, но нема такви истражувања за да се докаже дека вишокот на сон може да му наштети на телото, што не значи дека несакани ефекти не постојат.

Сепак, според моментално достапните информации за вашето тело е подобро да спиете повеќе, отколку помалку.

Затоа, сонот мора да биде вашиот приоритет. Поважни од крајот на серијата, филм или сурфање на интернет.

Сонот вметнете го во вашиот распоред како и секоја дневна обврска. Треба да да сфатите дека сонот е значаен за вашето здравје, а она што не сте го завршиле пред да си легнете ќе го завршите во текот на утрешниот ден.


Оставете коментар

___