Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Која храна предизвикува надуеност и прави да изгледаме подебело од што сме

Ако вагата кажува едно, а вашиот одраз во огледалото друго, тогаш е момент да проверите дали на менито имате некои од овие продукти…

И покрај тоа што варијацијата во килограмите кај жената е нормално, понекогаш за подуеноста на стомакот заради која изгледате подебело не се одговорни килограмите туку одредени намирници.

Овошје

Иако овошјето е богато со здрави состојки како витамини и минерали може да биде причинител за надуеност. Причината се крие во количеството на фруктоза и глукоза. Одберете бобинки, грејп и цитрус, затоа што за разлика од јаболкото,праската и крушката содржат значително помала количина од споменатите состојки.

Замена за шеќер

Сорбитол, ксилитол и манит се вештачки засладувачи присутни во диететските пијалоци и гумите за џвакање.

Доколку осетите надуеност по конзумирањето на диеталната храна и пијалоци избегнувајте ги овие производи. Наш совет е да користите природни засладувачи како стевиа и агава сируп.

Млеко

Знаеме дека млекото во прекумерени количини не е здраво за нашето здравје. Но ако ви предизвикува проблеми со варењето и надуеноста можеби проблемот е во вашиот организам кој не поднесува лактоза.

Скроб

Ако производите богати со скроб ви предизвикуваат надуеност во стомакот не треба да ги отсраните од исхраната туку да ги одберете тие кои не го прават тоа. Пченицата, јачменот и ’ржот содржат голема количина на фруктан, полимер на фруктозата кој предизвикува надуеност. Подобро во вашата чинија да има компир, ориз, пченка и овес кои содржат значително помала количина на фруктоза.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement