Зборот кари можеби потекнува од Индија, но овој зачин е британски производ, и настанал за време на колонијалното владеење со Индија. Карито во себе може да содржи од 5 до 30 различни зачини.
Во оригиналниот состав, карито има коријандер, куркума, ким и пискавица. Во зависнот од вашите желби, во овој популарен зачин можете да додадете разни состојки како што се лук, ѓумбир, чили, цимет, црвен пипер и многу други.
Освен како додаток во јадење, карито се користи и во традиционалната индијска медицина, за подобрување на дигестијата, болести на цревата, здрава јетра и други потешкотии во врска со дигестивниот систем.
Најделотворни и највредни зачини се куркума, ким и ѓумбир. Куркумата делува противоспалително, како антиоксиданс, кимот го потикнува дигестивниот процес и ги намалува грчевите, додека ѓубмирот се користи по опоравување по операција.

You must be logged in to post a comment Login