• Сподели на:

Како омилената храна: Музиката го стимулира хормонот за задоволство

___

Музиката  предизвикува чувство на задоволтво како омилената храна, тврдат изтражувачите од Универзитетот во Монтреал.

Тие одбрале осум доброволци од 19 до 24 години, ги приклучиле на посебен скенер и им ја мереле количината на хормонот допамин, како и бројот на отчукувања на срцето, телесната температура и дишењето. Резултатите покажале дека мозокот кај личноста која паѓа во еуфорија додека слуша музика, лачи хормон на задоволство, а слични реакции предизвикува и храната која ја обожуваат.

Додека уживале во омилените песни, кај испитаниците дошло до зголемено лачење на допаминот во предниот дел на мозокот. Тие промени не се случуваат ако музикате не им се допаѓа.

Допаминот повеќе се лачи и додека јадеме, па тогаш посебно уживаме . Ист ефект на задоволство предизвикуваат и парите.

Сепак музиката е посебна загатка, истакнуваат научниците. Утврдено е дека Моцарт посебно позитивно влијае на мозокот. Изпитаниците кои го слушале покажале поголем степен на интелегенција на тестовите во однос на оние кои повеќе сакаат модерни мелодии.


Оставете коментар

___