• Сподели на:

Како изгледа вагината после породувањето?

___

Една мајка и блогерка, Лори Ломас, решила јавно да ги сподели тие промени со кои се соочило нејзиното тело, а особено вагината.

– Не сум повеќе сигурна ни кога, но знам дека некогаш имав убава вагина. Секако, тоа беше пред моето прво породување. Со првото дете породувањето траеше повеќе од 24 часа. После првите 12 часа повеќе не знаев ни како се викам.

Секако, оној момент кога низ вагината ќе помине главата на бебето со големина на диња, таа повеќе нема да биде иста. Иако лекарите за време на породувањето ме охрабруваа да туркам што повеќе, на крајот се испостави дека сум туркала „премногу силно“, па морале да зашијат. Таа болка никогаш нема да ја заборавам.

Лекарот ми кажа дека со време сè ќе дојде на свое и дека не треба да се грижам.

Сепак, да бидам искрена, во тој период не размислував воопшто за вагината бидејќи бебето ми беше во инкубатор. Но, за среќа на крајот сè добро заврши.

Времето поминуваше, раните зараснаа, конците се извадија. Сепак, мојата вагина го немаше истиот облик како претходно, а усните беа значајно поопуштени.

Никогаш нема да го заборавам моментот кога ставив огледалце помеѓу нозете за да видам како изгледа. Од рефлексијата целосно се шокирав, или подобро кажано, се уплашив. Мојата вагина повеќе личеше на „динстан џигер“ отколку на полов орган.

Долг период потоа не се осудив да ја погледнам повторно. Мојот сопруг присуствуваше на породувањето и беше свесен за тоа што се случуваше, па не ми поставуваше премногу прашања. Едноставно, беше доволно среќен кога почнавме повторно да имаме секс.

Со време, нашите животни патишта се раздвоија, а јас сега повторно сум сама. Кога ќе дојде моментот да најдам некој нов, не знам дали би требало прво да прашам дали би му сметал изгледот на мојата вагина, или едноставно би требало да ги изгаснам светлата и да се надевам дека тој нема да забележи ништо невообичаено. За сега ми останува само да се надевам на најдоброто.


Оставете коментар

___