• Сподели на:

Како да се воздржите од потење и да изгледате свежо во секој момент

___

Нашето тело нешто слично како клима уредот, со потење се разладува. Но понекогаш на нашиот клима уред му треба помош…

Теме

Испрскајте ја косата со сув шампон – дури и ако е чиста, бидејки шампонот на темето ќе го направи истото што го прави и бебешката пудра на телото: ја упива потта.

Деколте

Кожа на кожа – тоа ја дига температурата истакнал љујоршки дерматолог. Пробајте го овој трик за да избегнете испотено деколте: напудрете ги градите со бебешка пудра, а во градникот ставете тенку улошки (интимни) за да ја упијат потта.

Лице

Заборавете на марамичињата за впивање на течности бидејки десодорансите за лице се тука. Овој тип дезодоранс работи на истиот принцип како и класичниот, ги блокира фоликулите на потење со алуминиумски соли, без затварање на порите.

Пазуви

Од обичен дезодоранс прејдете на оној со назнака 78Н бидејки тие содржат најголем процент на алуминиум. Нанесете го пред спиење кога сакате жлездите за потење на мирваат, што овозможува формулата да делува следниот ден.

Стапала

Топлината во затворени обувки предизвикуваат потење, а потењето предизвикува непријатни мириси. Ако е можно, лето носете повеќе сандали или испрскајте ја внатрешноста на обувките со дезодоранс.

Внатрешната страна на бутините

Ако испотените бутови почнуваат да се тријат едни од други, може да настане осип. Копирајте ги тркачите и користете стик за тело против триење. Доколку добиете осип, ќе ви биде потребен дерматолог.

 


Оставете коментар

___