• Сподели на:

Како да се решите од главоболка и стрес за само 30 секунди 

___

Живееме во динамично и стресно време и навистина е големо изненадување кога не се чувствувате растревожено, нервозно или кога не ве боли главата.

Но, дали сте знаеле дека само за половина минута можете да се решите од проблемот со вашата главоболка и стрес, со помош на акупресура?

Акупресура е древна кинеска метода на лечење и самоизлекување за која не ни се потребни лекови, туку техника, знаење и вашите прсти.

Пред се морате да бидете свесни на вашата хоку точка. Хоку точката е место на раката помеѓу коските на показалецот и палецот. Станува збор за акупресурно место поврзано со рефлексите на горниот дел од телото, а со притискањето на споменатото место ги стимулирате нервите.

Најпрво со показалецот и палецот на другата рака притиснете ја хоку точката. Потоа задржете притиснато околу 30 секунди или додека не почувствувате опуштање во мускулите и пуштете. Оваа постапка повторете ја кога ќе почувствувате напнатост или главоболка предизвикана од стрес и замор.


Оставете коментар

___