Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Како да се ослободите од акните на грбот

Ако имате проблем со акни и мозолки на грбот, летото можеби и не е вашето омилено годишно време затоа што неволно носите поотворена облека. Проблематичната кожа на грбот е чест проблем кој ќе го решите со редовно чистење, пилинзи и производи кои ги смируваат воспаленијата и ги сушат акните. Покрај тоа, можат да помогнат и природни маски, па одберете една од понудените две, која вам повеќе ви одговара. Наша препорака е да ги комбинирате и двете маски наизменично.

МАСКА ОД ДОМАТИ

Како богат извор на витамин А и Ц, доматот е одличен за ублажување на акните и мозолките од грбот затоа што има својства да го извлекува гнојот.

Изгмечете го доматот, или ставете цели парчиња врз проблематичните подрачја. Оставете да делува половина час, па исперете со млака вода.

Повторувајте ја постапката колку што можете почесто, неколку дена по ред.

МАСКА ОД МЕД И ЦИМЕТ

Медот и циметот се одлична комбинација за намалување на воспаленија затоа што делуваат антибактериски. Токму поради ова нивно својство се одлични за нега на кожата на грбот. Измешајте една лажица цимет со две лажици мед, а во смесата можете да додадете и неколку капки лимонов сок.

Нанесете на кожата и оставете да делува 20-тина минути.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...