• Сподели на:

Како да ослабите: 14 производи од кои ќе бидете подолго време сити

___

Една од најпопуларните диети и кај нас е диетата 5:2. Кај неа важна е количината на калории кои се внесува во текот на јадењето. Два дена во неделата бројот на калории кој се внесува намалете го за 25%. На многумина им е тешко да се мачат со број на калории, па докторката Сузан Холт дошла на идеја да открие што треба да јадеме во текот на две недели за да бидеме што подолго сити.
Доктор Сузан Холт развила „Индекс на ситост“, поточно систем на рангирање во однос на тоа колку долго ве држи сит одредена храна.
Индексот на ситост е направен по истражување во кое учествувале студенти. На нив им е давана порција од 240 калории. После тоа на секои 15 минути во наредните 2 часа биле прашувани колку се сити. После тие два часа им било дозволено да јадат колку сакаат.
Истражувачите дошле до занимливи откритија. Бидејќи белиот леб не прави да се осеќаме сити 100%, тие го земале како мерка. Потоа одредиле производи кои не прават посити од лебот и тие на скалата на вредности имаат повеќе од 100%. Од друга страна, кога јадеме производи кои имаат вредност помала од 100% побрзо огладнуваме.
Истражувачите на крајот издвоиле 14 производи кои најдолго не одржуваат сити. Еве кои се тие производи.
ВРЕДНОСТА НА БЕЛИОТ ЛЕБ 100% – СКАЛАТА Е НАПРАВЕНА НА ОВАА БАЗА
ВАРЕН КОМПИР (323%)
 2
КОга јадеме варен компир, можеме долго да бидеме сити. Тој заситува најмногу од сите производи.
ОВЕСНА КАША (209%)
3
Веднаш позади варениот компир се наоѓа овесната каша. Поради тоа овесната каша често се препорачува како идеален доручек.
ПОРТОКАЛИ (202%)
4
Најхранливото овошје е помаранџата и затоа секогаш е добро да се има со себе во случај да огладнеме.
ЈАБОЛКА (197%)
5
Јаболката по хранливост е втора по ред и е уште поедноставна за брза храна од помаранџата.
БРАОН ТЕСТЕНИНИ (188%)
6
Луѓето воглавно од навика купуваат исклучиво бели тестенини, а браон тестенините се неспоредливо похранливи.
ГОВЕТСКО (176%)
7
Најхранливо меѓу месото е говетското месо.
ГРАВ (168%)
8
Сите знаеме дека од гравчето брзо се заситуваме, а тоа го потврдува и оваа листа.
ГРОЗЈЕ (162%)
9
Кој би рекол дека грозјето е похранливо од лебот?
ПУКАНКИ (154%)
10
Омилените грицки со филм често се препорачуваат како нешто што би требало да го јадете кога доцна навечер ќе огладнете.
ЈАЈЦА (150%)
11
Без разлика што жолчката содржи многу калории, јајцето многу долго не одржува сити. Поради тоа е многу добро за оние кои сакаат да ослабат.
КАШКАВАЛ (146%)
12
На списокот се најде и еден млечен производ – што е добро за љубителите на кашкавал.
БЕЛ ОРИЗ (138%)
13
Иако има свои негативни страни, белиот ориз е добар бидејќи долго не држи сити.
КАФЕАВ ОРИЗ (132%)
14
Кафеавиот ориз е поздрав од белиот, а само за нијанса е под него.
КРЕКЕРИ (127%)
15 
Крекерите према оваа листа се добри за грицкање кога сме гладни бидејќи брзо не заситуваат и подолго не држат сити.

Оставете коментар

___