• Сподели на:

Како да го контролирате месечниот циклус?

___

Често месечниот циклусот ги контролира жените а не тие него.
Сигурно дека би сакале да го контролирате за да не се чувствувате како во окови кога сте на плажа или кога ќе сакате да пливате.

Стресот, заморот, диетите, сексот се исто така работи кои можат да бидат причина за доцнењето или подранувањето на циклусот.
Жените кои имаат редовен сексуален живот поретко имаат проблеми со менструацијата.
Но најчесто гинеколошките болести стојат во основата на овие аномалии, па тогаш задолжително треба да се консултирате со лекар.

Бабини совети

Еден од бабините совети како да го контролирате циклусот е поврзан со ударната доза на витамин Ц, која ќе го одложи циклусот. Но тоа не секогаш ќе ви гарантира со резултат. Предозирањето со витамин Ц може да има сериозни последици за вашето тело, како зголемениот ризик од формирање на тромб во крвните садови.

Како здрав начин да го контролирате циклусот е употребата на билни чаеви. Можете да се обидете со чај од жолт кантарион, седевче, бел оман,  жалфија.  Ефикасен за нередовен циклус и обилна менструација е чајот од ајдучка трева. Секојдневната употреба може да предизвика задоцнета менструација. Но дури и при употрбета на билни чаеви треба да се консултирате со лекар.

Контрацептивни таблети

Повеќето гинеколози препишуваат хормонални лекови како средство за контрола на циклусот. Едни од нив се и контрацептивните, со кои е можно да се регулира циклусот. Обично се пијат секој ден во текот на 21 ден. По испивањето на целото пакетче се прави одмор од 7 дена, период во кој всушност треба да имате циклус. Ако не направите пауза помеѓу двете пакувања контрацептиви, нема да имате менструација. Ова често може да предизвика хормонални пореметувања.

Сепак пред било што да направите консултирајте се со вашиот лекар.


Оставете коментар

___